Германската тајна служба нема индиции дека режимот на Путин може да падне

германска служба
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германската тајна служба БНД ниту 15 месеци по почетокот на војната во Украина, нема индиции дека е можна дестабилизација на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.







„И покрај индивидуалните критики, на пример поради премногу бавната испорака на муниција, нема индиции дека системот е расклатен или дека може да падне. Русија сè уште е способна да води долготрајна војна“, рече шефот на БНД, Бруно Кал.

Тој во Федералната академија за безбедносна политика (БАКС) во Берлин рече дека затоа не станува збор за слабости, или дека активностите може да бидат прекинати, пренесува Дојче веле.

Сепак, тој истакна дека не може целосно да се исклучи падот на режимот и дека има слаби точки и можни изненадувања, на пример во однос на можностите на вооружените сили.

Тој, исто така, предупреди дека Путин би можел да успее со својата стратегија да се потпре на факторот време и масовност на силите, доколку Западот во доволна мерка не ја поддржува Украина и не организира отпор.

На прашањето кога точно БНД знаела дека Русија ќе ја нападне соседна Украина, Кал одговори – приближно 14 дена пред почетокот на војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK