Ја призна вината: откриен мотивот на момчето кое отвори оган во училиште во Финска

фи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска во Финска е ден на жалост за жртвата на пукање во основно училиште кај Хелсинки, а полицијата соопшти дека осомниченото момче (12) се изјаснило за виновно за нападот.

Соопштено е дека се познати и мотивите на осомничениот кој признал при сослушувањето, пренесува финскиот јавен сервис.

12-годишно момче почина на лице место од здобиените повреди, а две повредени девојки се во тешка состојба во болница.

12-годишникот осомничен кој вчера уби еден ученик и рани две ученички бил жртва на малтретирање во училиште, јавува финскиот јавен сервис.

Според извештаите, мотивот за пукањето е директно поврзан со насилството што го претрпел на училиште.

Напаѓачот бил фатен во Силтамаки, предградие на Хелсинки и не дал отпор при апсењето, соопшти претходно полицијата.

Престрелката се случила во училиштето „Вијертола“ во кое учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение и каде работат околу 90 вработени. Наставата во ова училиште продолжи и денеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK