Израелските одбранбени сили: Да, Хамас обезглавуваше бебиња

Израелските-одбранбени-сили-Да-Хамас-обезглавуваше-бебиња.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На најновиот брифинг за медиумите, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Џонатан Конрикус, рече дека војската „може со релативна сигурност да каже“ дека милитантите на Хамас кои го нападнаа кибуц Беери во саботата обезглавија деца.


Портпаролот на Бенјамин Нетанјаху и најмалку еден член на ИДФ ги повторија извештаите за обезглавување на бебиња и други цивили од Хамас, но тие извештаи досега беа поврзани со напади во Кфар Аз.

Тврдењата ги повтори американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето до лидерите на еврејската заедница во средата, но во коментарите подоцна објавени од Вашингтон пост, портпаролот на Белата куќа појасни дека ниту американските официјални лица ниту Бајден не ги виделе фотографиите или независно ги потврдиле таквите извештаи и дека Бајден „своите коментари за наводните злосторства ги базирал на тврдењата на портпаролот на Нетанјаху“.

„Никогаш не помислив дека ќе видам и ќе имам потврдени слики од терористи како обезглавуваат деца“, рече Бајден. Тврдењата за обезглавувања беа објавени и во израелските и меѓународните медиуми, но не беа независно потврдени од Гардијан. Вчера, Јоси Ландау, еден од водачите на Зака, израелската доброволна цивилна организација за одговор при итни случаи, наводно изјавил за Си-би-ес Нуз дека видел деца и бебиња чии тела биле обезглавени. Тој не ја прецизираше локацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK