Претседателот на Израел, Исак Херцог, следната недела ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен, соопшти денеска директорот на таа конференција Кристоф Хојсген.
Тој не кажа дали ќе дојдат и членови на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сигурно нема да патува во Минхен.
„Нетанјаху веќе дојде на конференцијата, а сега со нетрпение го очекуваме претседателот“, рече Хојсген.
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвикан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година ќе биде една од главните теми на состанокот што се одржува од 16 до 18 февруари.
На конференцијата во Минхен ќе учествуваат и премиерите на Либан, Катар, Ирак и Кувајт и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Оман, како и претставници на јеменската влада.
На состанокот се очекуваат вкупно 50 шефови на држави и влади, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски.