Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вели дека воената кампања во Газа „може да трае еден месец, два или три, но на крајот нема да има повеќе Хамас“. Галант ја даде изјавата по оперативниот брифинг во Центарот за оперативна команда и контрола на израелските воздухопловни сили.
„Во однос на оперативните аспекти на маневарот, на крајот на денот, ништо нема да ги спречи ИДФ (Израелските одбранбени сили). Ова треба да биде нашата последна маневарска операција во Газа, од едноставна причина што после тоа нема да има повеќе Хамас“, рече тој.
Министерот изрази благодарност до воздухопловните сили и рече дека следната фаза, толку очекуваната копнена операција, „ќе дојде наскоро“. Колку брзо останува нејасно.