Израелски весник тврди дека Хамас има предлог за прекин на огнот, познато е што бара од Израел

gaza2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Палестинското милитантно движење Хамас им претстави контрапредлог на посредниците во преговорите за договор за размена на заложници во индиректните разговори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа, објави израелскиот весник Хаарец.


Предлогот предвидува ослободување на израелските заложници во замена за Палестинците од израелските затвори и постепено повлекување на израелската армија од Појасот Газа по 42-дневен прекин на огнот, објави Хаарец, повикувајќи се на палестински и арапски извори.

Хамас претходно го отфрли американскиот компромисен предлог за ослободување на 40 заложници во замена за 900 палестински затвореници за време на шестнеделното примирје.

„Хаарец“ наведува дека во контрапредлогот на Хамас се бара израелската армија да престане со борбите во првичниот шестнеделен прекин на огнот и да се повлече од урбаните центри. Во исто време, на бегалците би им се овозможило да се вратат на север од Појасот. Во овој период Хамас ќе ги пронајде заложниците во борбените области и ќе ја утврди нивната здравствена состојба.

Во втората фаза израелската армија би се повлекла на територијата на Израел, па дури потоа би почнала размената на приведените, пишуваат израелските медиуми.

За секој израелски цивил би биле ослободени 30 палестински затвореници, а за секој војник 50 Палестинци, од кои 30 отслужуваат доживотна казна. Израелските војници и загинатите заложници би биле предадени во третата и последна фаза.

Израел претходно процени дека околу 100 од околу 130 заложници кои останаа во палестинската енклава се живи. Сега стравува дека повеќето се мртви.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK