Израелците истрелале ракети кон главниот град на Сирија, тврди сириската армија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сириската армија денеска соопшти дека соборила неколку израелски проектили истрелани од Голанската висорамнина на јужен Дамаск, јави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор. Во текот на ноќта веќе кружеа извештаи за експлозија во близина на Дамаск.



Најмалку тројца проирански борци беа убиени во нападот во петокот, според Сириската опсерваторија за човекови права. Ова е втор пат оваа недела на Израел кон областа околу главниот град Дамаск, соопшти невладината организација.

Израелската војска веднаш не коментираше.

Израел со години напаѓа цели поврзани со Иран во Сирија, земја каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Иран почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.

Откако палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел на 7 октомври, Израел ги засили своите напади врз цели на проиранската милиција во Сирија и ја гаѓаше противвоздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK