Израел уби 270 Палестинци во операција за спасување заложници: „Тоа можеби е воено злосторство“

izrael-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека убиствата на цивили во Газа за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници од густо населената област би можеле да бидат воени злосторства.


Во саботата Израел изврши копнена операција со воздушна поддршка во центарот на станбената населба Газа во областа Нусејрат. Заложниците биле држени во два одвоени стана, соопшти израелската армија.

Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 270 Палестинци биле убиени во операцијата.

„Начинот на кој беше извршена операцијата во толку густо населена област сериозно бара истрага за тоа дали израелските сили ги почитувале принципите на разликување, пропорционалност и претпазливост – утврдени во меѓународното право“, рече портпаролот Џереми Лоренс.

Лоренс додаде дека одлуката на вооружените групи да држат заложници во толку густо населена област „ги загрозува животите на палестинските цивили, како и на самите заложници“. „Сите овие дејствија на двете страни може да бидат воени злосторства“, рече тој.

За време на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври, Хамас киднапираше околу 250 заложници. Повеќе од стотина од нив беа ослободени во замена за 240 палестински затвореници од Израел, како дел од договорот во ноември.

Според израелските податоци, во Појасот Газа има уште 116, од кои 40 кои Израел ги прогласи за мртви во отсуство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK