Израел набаваува уште 25 невидливи американски борбени авиони Ф-35

f35
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел го одобри купувањето на третата ескадрила борбени авиони Ф-35 стелт од американскиот производител „Локид Мартин“, како дел од договор вреден три милијарди долари, јави вчера израелското Министерство за одбрана.

Со дополнителните 25 авиони бројот на борбените авиони Ф-35 во израелските воздухопловни сили ќе се зголеми на 75, соопшти Министерството, додавајќи дека зделката ќе се финансира преку пакетот одбранбена помош што Израел го добива од САД.


Израел беше првата земја надвор од САД што купи Ф-35. Во мај 2018 година, началникот на воздушните сили рече дека Израел е првата земја што овој борбен авион го користела во борба.

Ф-35 е познат и како Joint Strike Fighter, а во Израел го носи хебрејското име „Адир“ (Моќен).

Компанијата „Локид Мартин“ и производителот на мотори „Pratt & Whitney“ се согласија да ги вклучат израелските одбранбени компании во производството на компоненти за авионот, додаде израелското министерство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK