Во Франција и вечерва 45.000 полицајци ќе се справуваат со нередите

20230702202201_big_730x400_4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четириесет и пет илјади полицајци се мобилизирани и вечерва за да г контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.  На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите.







Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако 17-годишно момче беше убиено во предградие на Париз.   Во насилните протести имаше повредени демонстранти и полицајци, беа запалени автомобили и демолирани продавници и други објекти.  Само во изминатата ноќ полицијата приведе 719 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK