Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

iran-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат нејзината Револуционерна гарда како терористичка организација по првиот директен напад на Иран врз Израел.


„Покрај воениот одговор на лансирањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, рече Кац во објава на социјалните мрежи.

Кац додаде дека испратил писма до 32 земји и разговарал со многу колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетната програма на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација како начин да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, вели Кац.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот ракетен и беспилотен напад во текот на викендот, и покрај повиците од сојузниците за воздржаност за да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Групата од седум индустриски најразвиени земји, Г7, веќе работи на пакет координирани мерки против Иран, објави британскиот премиер Риши Сунак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK