Израел ја нападна Сирија, убиени цивили: „Целта беше голем воен истражувачки центар“

677z381_677z381_sirija-1-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во повеќекратните израелски напади врз сирискиот град Хама доцна вчера загинаа најмалку четворица цивили, објавија сириските државни медиуми, а извори велат дека нападот бил насочен кон голем воен истражувачки центар.



Од нападот на Хамас на 7 октомври врз израелските цивили и војници, Израел ги ескалира своите напади врз цели на милицијата поддржани од Иран во Сирија, а исто така ја нападна и воздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

Локален здравствен претставник, цитиран од сириската државна новинска агенција, изјави дека по вчерашните напади во близина на градот Мисјаф, 13 лица се повредени, од кои неколку се во критична состојба.

Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје лоциран во близина на Мисјаф бил неколку пати погоден. Се верува дека таму е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје.

Сириските државни медиуми, исто така, објавија дека од ударите започнале два пожари кои пожарникарите ги гаснат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK