Четиригодишно девојче оставено во автомобил во Аризона, починало од жештините

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четиригодишно девојче од Баки, Аризона, починало вчера откако поминало неколку часа во вжештениот автомобил, јавува ABC News.



Членовите на семејството на девојчето во полиција изјавиле дека од паркот се вратиле околу 14 часот. Откако стигнале дома, сфатиле дека четиригодишното девојче го нема, па почнале да го бараат, пренесува Индекс.

Два часа подоцна, девојчето било пронајдено во несвест во возилото надвор од домот, соопшти полицијата на Баки. Семејството контактирало со полицијата околу 17 часот.

„Полицајците пристигнаа и веднаш почнаа со компресија на градниот кош на четиригодишното девојче и се обидоа да користат дефибрилатор пред да пристигнат болничарите за да го пренесат детето во болница. Девојчето е прогласена за почината во болница“, соопшти полицијата.

Вчера температурата во Баки беше над 38 степени, соопшти Националната метеоролошка служба. Полицијата е во рана фаза на расветлување на овој случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK