Израел: Денеска се очекува оставка на шефот на воениот кабинет Бени Ганц

677z381_netanjahu-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот воен кабинет денеска заседава во Ерусалим, по што се очекува шефот на воениот кабинет Бени Ганц да соопшти дека се повлекува од таа функција.


Најавата на Ганц се очекува да го објави и заминувањето на коалицијата Национално единство, пишува The Times of Israel.

Ганц нема да присуствува на состанокот, а за подоцна во 8:30 е најавена седница на Кабинетот за безбедност, соопштија од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Ганц минатиот месец го информираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека доколку до 8 јуни не претстави јасна стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната, ќе поднесе оставка.

Повлекувањето на центристичката партија на Ганц нема да претставува непосредна закана за владејачката коалиција на Нетанјаху, која има 64 од 120 места во Кнесетот, но може да има „сериозно влијание“, наведува британската агенција.

Со заминувањето на Ганц, Нетанјаху ќе ја загуби поддршката од центристичкиот блок кој помогна да се зајакне поддршката за израелската влада дома и надвор од почетокот на конфликтот во Газа.

Оставката на Ганц може да укаже и на ограничени изгледи за успех во најновите напори за прекин на огнот во Појасот Газа, велат аналитичарите, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK