Израел: Четворица наши војници ранети на границата со Либан; Хезболах – ја минале границата и влегле во Либан

Израелска-министерка-го-цитираше-Ајнштајн-и-предложи-контроверзно-решение-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израел објави дека четворица негови војници се ранети на границата со Либан, а либанското движење Хезболах вели дека овие војници ја преминале границата и влегле во Либан, каде наишле на мини.


Израелската армија не соопшти дали нејзини војници ја минале границата, туку само дека „истрагата е во тек“.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Откако Иран го нападна Израел во текот на ноќта со беспилотни летала и ракети, како одговор на неодамнешниот напад на Израел врз неговиот конзулат во Дамаск, Хезболах соопшти дека истрелал ракети врз израелските воени позиции а Израел извршил неколку напади врз Либанската територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK