Избодени две деца на возраст од девет и десет години во близина на основно училиште во Германија

Germanija-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дуизбург-Маркслох, пренесува „Билд“.


Тие биле избодени и тешко ранети од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

Како што пишува „Билд“, според првите извештаи од местото на настанот, биле нападнати кога се враќале дома од католичко основно училиште.

Напаѓачот, набрзо по нападот бил уапсен, а мотивот се уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK