Избодел жена, и го украл автомобилот, па влетал во неколку групи луѓе: Откриен идентитетот на напаѓачот кај Тел Авив, бројот на ранети се зголемува

Избодел-жена-и-го-украл-автомобилот-па-влетал-во-неколку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж изврши напад во Тел Авив, во кој беа ранети најмалку 18 лица. Според првичните информации, тој најпрвин со нож избодел жена и и го украл автомобилот, за да се втурне во групи луѓе на повеќе локации. Напаѓачот е уапсен, а полицијата соопшти дека е Палестинец од Западниот Брег.


Полицијата соопшти дека осомничениот кој го изврши терористичкиот напад во Ранани е Палестинец од градот Хеброн на Западниот Брег и дека е уапсен.

Полицијата во соопштение наведува дека при нападот мажот украл вкупно три автомобили.

Најмалку 18 лица се ранети во нападите, меѓу кои и едно во критична состојба. Се вели дека најмалку една од жртвите е избодена со нож.

Уапсен е и уште еден маж од Хеброн, роднина на осомничениот.

Полицијата соопшти дека полицајците продолжуваат да ја пребаруваат областа за потенцијални дополнителни закани.

Случаен минувач кој бил сведок на почетокот на нападот вели дека „се се случило во секунда“.

„Слушнавме бучава од судир, како автомобил да се судри со друг автомобил. „Го видовме возачот како оди да ја избоде жената и таа побегна, па отиде и го избоде 60-годишниот маж додека во позадина имаше толпа врисоци, додека тој не падна на земја“, вели тој.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK