Со автомобил влетал во луѓе на станица во близина на Тел Авив: 14 повредени, еден критично

Со-автомобил-влетал-во-луѓе-на-станица-во-близина-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелската служба за итни случаи објави дека 14 лица се повредени во напад со автомобил во Ранана во близина на Тел Авив. Жена на 70-годишна возраст е во критична состојба, додека 34-годишен маж и 16-годишно момче се тешко повредени, соопшти итната помош.

Други осум лица се умерено повредени, а тројца полесно. Лекарите лекувале вкупно 17 лица на местото на настанот, вклучувајќи ги и оние кои страдаат од акутна анксиозност поради нападот.

Полицијата сè уште ги истражува околностите, но полицискиот портпарол рече дека „ситуацијата се повеќе наликува на терористички инцидент“.

Според неофицијални информации, напаѓачот со својот автомобил влетал во голем број луѓе на автобуската постојка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK