Италија нема да испрати војска во Украина и нема да дозволи Киев да ја таргетира руската територија со нејзиното оружје

ит.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Рим нема да испрати војници во Украина ниту да дозволи употреба на италијанско оружје за гаѓање цели на руска територија.

„Невозможно е Италија да испраќа војници во Украина, а тие да го користат нашето оружје во Русија“, рече Тајани во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага, пренесува „Анадолија“.

Тој рече дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина, но дека, според нејзиниот устав, не е можно да се дозволи испраќање војници во Украина и употреба на нејзиното оружје за цели во Русија.

„Ние не се бориме против Русија. Ние ја браниме Украина. Не е исто“, изјави Тајани.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го отфрли предлогот на НАТО да и се дозволи на Украина да користи оружје донирано од Западот за напади врз цели во Русија, бидејќи, како што рече, оваа промена на политиката ќе ја доближи Европа до уништување.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и даде зелено светло на Украина под одредени услови да гаѓа цели на руска територија, во регионот Харков, а нејзиниот пример вчера го следеа Данска, Франција и Чешка, а денес и Германија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK