Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од обвинението за аферата со порно ѕвездата Сторми Даниелс.
Трамп беше осуден за фалсификување деловни книги како дел од обидот да се сокрие исплата од 130.000 долари за Сторми Даниелс во замена за нејзиниот молк за наводната афера пред претседателските избори во 2016 година.
Трамп цело време гледаше напред, освен моментот кога поротниците ја читаа пресудата. Потоа ги погледна поротниците кои ја читаа пресудата.
Со оваа пресуда Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело.
По пресудата Трамп одржа говор во кој рече дека се работи за монтиран процес, и дека Бајден на овој начин се обидува да го дискредитира.
Тој вели дека судијата не бил непристрасен, и дека тоа е срамно судење. Тој најави дека ќе продолжи да се бори. „Оваа земја отиде во пеколот“, рече тој.
„Ова не е ни приближно завршено“, рече Трамп додека ја напушташе судницата.
Американскиот претседател Џо Бајден по пресудата рече дека Трамп може да биде поразен само на избори.
There’s only one way to keep Donald Trump out of the Oval Office: At the ballot box.
Donate to our campaign today: https://t.co/aJXS9oti0a
— Joe Biden (@JoeBiden) May 30, 2024
„Има само еден начин да се задржи Доналд Трамп надвор од Овалната соба: гласачкото ливче“, напиша Бајден на Икс.
Кампањата на Бајден објави дека оваа пресуда покажува дека „никој не е над законот“.