Фицо пренесен од Банска Бистрица во Братислава: Ќе закрепнува дома

Screenshot-2024-05-30-220304.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска од болницата во Банска Бистрица е префрлен дома во Братислава.

Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, објави словачкиот портал „Правда“.

Порталот наведува дека Фицо ќе се опоравува дома и дека тоа било негова желба.

Директорката на Факултетската болница во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова за телевизијата „та3“ ја потврди информацијата.

Како што јави РТВС, хеликоптерот со словачкиот премиер требало да полета од Банска Бистрица околу 18 часот и да слета во Братислава.

На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо. Полицијата веднаш го приведе.

Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK