Исклучена е една од двете високонапонски линии во нуклеарната централа Запорожје

f5959a21-5af5-4356-84c5-6e8c1b6b36be.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Исклучена е една од двете високонапонски линии што ја снабдуваат нуклеарната централа Запорожје, објави прес-службата на таа централа на својот официјален канал „Телеграм“.



„Денеска во 10:06 часот во нуклеарната централа Запорожје е исклучен високонапонскиот вод „Феросплавнаја“ од 330 киловолти“, се вели во соопштението, пренесува РИА.

Нивото на радијација во електраната и соседната територија е на нормално ниво.

Снабдувањето на нуклеарната централа со електрична енергија е неопходно, меѓу другото, за ладење на нејзините реактори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK