Исклучена е една од двете високонапонски линии што ја снабдуваат нуклеарната централа Запорожје, објави прес-службата на таа централа на својот официјален канал „Телеграм“.
„Денеска во 10:06 часот во нуклеарната централа Запорожје е исклучен високонапонскиот вод „Феросплавнаја“ од 330 киловолти“, се вели во соопштението, пренесува РИА.
Нивото на радијација во електраната и соседната територија е на нормално ниво.
Снабдувањето на нуклеарната централа со електрична енергија е неопходно, меѓу другото, за ладење на нејзините реактори.