Иран им се закани на САД: Нема да се двоумиме да одговориме

Иран-им-се-закани-на-САД-Нема-да-се-двоумиме.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Република Иран нема да се двоуми доколку е неопходно да возврати на американски напад на нејзина територија, изјави денеска портпаролот на иранската дипломатија, со оглед на тоа што Белата куќа не ја исклучи можноста за директен напад врз Иран.

Соединетите Држави во петокот започнаа серија напади против елитните ирански сили и проиранските вооружени групи во Сирија и Ирак како одговор на убиството на тројца американски војници во Јордан на 28 јануари.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во саботата изјави дека САД ќе продолжат да возвраќаат и не исклучува директни напади врз цели во Иран.

„Исламската Република нема да се двоуми ако треба да возврати“, изјави денеска на неделната прес-конференција портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.

Во саботата, Соединетите Држави и Обединетото Кралство објавија дека бомбардирале десетици цели во Јемен како одговор на повторените напади на Хутите поддржани од Иран.

Канани ги осуди нападите во Ирак, Јемен и Сирија и ги нарече нелегални. Тој додаде дека нападите биле извршени како дел од „политиката на целосна поддршка“ за Израел. Хутите тврдат дека дејствуваат во „солидарност“ со Палестинците во Газа.

Американските сили во неделата објавија дека извршиле воздушни напади врз пет проектили во Јемен, кои биле подготвени да бидат лансирани врз бродови во Црвеното Море.

Во понеделникот Канани рече дека Техеран „не сака да ги влоши тензиите и кризите во регионот“ и дека „никогаш не поддржувал тензии и кризи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK