Иран: Ако Америка повторно нападне, ќе ги нападнеме базите во Европа


napad-ukraina-zelenski-foto.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранскиот шеф за безбедност Мохсен Резаи синоќа се закани дека Техеран ќе ги нападне американските воени бази надвор од Блискиот Исток – вклучително и оние во Европа – доколку тие се искористат за бомбардирање на Исламската Република, пренесува АФП.


Се чини дека тешкиот пораз што Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп го претрпе на конгресните избори претходно овој месец, го натера Вашингтон да се повлече од заканите за нови напади врз Иран.

„Доколку американски авиони полетаат од некоја американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги нападнеме и тие бази“, изјави Резаи во интервју за либанската телевизиска мрежа „Ал Мајадин“, емитувано во средата.

Тој понатаму наведе дека одговорот на Иран на какви било потенцијални нови американски напади би бил насочен кон „пооддалечени американски воени објекти, вклучително и оние што досега не сме ги нападнале“, иако не прецизираше за кои точни локации станува збор.

„Би можеле дури да нападнеме и одредени острови за кои Американците претпоставуваат дека се надвор од дострелот на нашите ракети“, додаде тој за време на разговорот, кој се одвиваше во Техеран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK