Индија се бори со топлотен бран, температурата надмина 48 степени: најмалку девет лица загинаа

Screenshot-2024-05-24-092208.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку девет лица загинаа поради топлотен удар во западната индиска држава Раџастан, јавија денеска локалните медиуми.


Во градот Бармер во Раџастан во четвртокот е забележана рекордна температура за оваа недела од 48,8 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.

Метеоролозите најавуваат дополнителен пораст на температурите, а во главниот град на Индија, Њу Делхи, во сабота, кога се одржуваат парламентарните избори, се очекува температура од околу 45 степени Целзиусови.

Летните температури во Индија често го достигнуваат својот врв во мај, а научниците предвидуваат дека оваа година во таа земја ќе има повеќе денови со екстремно високи температури од вообичаено, наведува британската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK