Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси при падот на леталото во северозападниот дел на Иран, по несреќата бил жив околу еден час по несреќата и се обидувал да повика помош.
Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али Ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.
„Не беа потребни ДНК тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.
Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.