Хутите гаѓаа грчки брод кој превезувал товар во Иран

Хутите-гаѓаа-грчки-брод-кој-превезувал-товар-во-Иран.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јеменските бунтовници Хути истрелаа два проектила врз товарен брод во Црвеното Море кој пловел кон Иран, предизвикувајќи мала штета на бродот, а нема информации за повредени во нападот, соопштија американски воени претставници.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека „милитантите Хути, поддржани од Иран“ во понеделникот истрелале две ракети од областа на Јемен под нивна контрола кон теснецот Баб-ел-Мандеб кон MV Star Iris, товарен брод што е во сопственост на Грција и плови под знамето на Маршалските Острови, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на американската војска на платформата Х, бродот превезувал пченка од Бразил до Иран и можел да продолжи да плови бидејќи во нападот претрпел мала штета, а никој од членовите на екипажот не бил повреден.

Ова е прв напад на Хутите на брод што превезува товар за Иран откако јеменските бунтовници почнаа да напаѓаат меѓународни бродови во знак на солидарност со палестинската милитантна група Хамас, која води војна против Израел во Газа, јавува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK