Хејнс: Многу е малку веројатно дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Многу е малку веројатно дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје, изјави денеска директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс.







„Тоа е многу малку веројатно, тоа е нашата моментална проценка“, рече Хејнс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот, без да појасни на што се заснова проценката.

Нуклеарните тензии меѓу Русија и САД се зголемија од почетокот на руската инвазија на Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработници повторуваат дека Москва е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал ако е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“.

Путин во февруари објави дека Русија се повлекува од Новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното вооружување, единствениот преостанат нуклеарен договор меѓу Москва и Вашингтон, кој го ограничуваше бројот на стратешки нуклеарни боеви глави.

Американски официјални претставници со месеци соопштуваат дека не гледаат знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, но остануваат внимателни по тоа прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK