„Загрижен сум, републиканските внатрешни борби може да и’ наштетат на Украина“: Бајден за раздорoт во Конгресот

„Загрижен-сум-републиканските-внатрешни-борби-може-да-и-наштетат-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека е загрижен дека републиканските внатрешни борби во Конгресот може да ѝ наштетат на помошта за Украина и вети дека наскоро ќе одржи говор во кој ќе објасни зошто САД треба да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија.

„Тоа ме загрижува, но знам дека има мнозинство членови на Претставничкиот дом и Сенатот од двете партии кои рекоа дека поддржуваат испраќање помош за Украина“, рече Бајден на прашањето на новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Додаде дека ќе одржи говор во кој ќе објасни зошто е важно САД и нивните сојузници да останат посветени на испраќање помош за Украина, која во голема мера се потпира на оружје од западните земји.

„Постои и друг начин на кој можеме да најдеме финансирање за да и помогнеме на Украина“, рече Бајден, но одби да елаборира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK