Гутереш: Моментално е невозможно да се преговара за мир во Украина

guteresh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ оцени дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

„За жал, не мислам дека моментално се можни мировни преговори и не гледам никаква можност сега да се постигне глобален прекин на огнот“, рече Гутереш.


„Јасно е дека (двете) страни се целосно ангажирани во војната и се убедени дека можат да победат“, нагласи генералниот секретар на ОН.

Сепак, Гутереш изрази надеж дека во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK