Гринпис: ЕЦБ го прекрши ветувањето дека ќе се бори против климатските промени

klimatski promeni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активисти за заштита на животната средина од групата Гринпис денеска ја обвинија Европската централна банка (ЕЦБ) дека го прекршила ветувањето дека ќе се бори против климатските промени.

Според Гринпис, ЕЦБ мора да го исчисти своето портфолио и да ги отстрани компаниите кои се најголеми загадувачи на животната средина.


Централната банка на еврозоната минатата година почна да купува обврзници според еколошки критериуми, но овој месец целиот процес беше стопиран поради зголемената инфлација.

„Една година подоцна, тие климатски обврски се прекршени“, објави Гринпис во заедничкиот извештај со академици од три универзитети во Велика Британија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK