Голем протест во Шведска, не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

protest-svedska-palestina-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва претставникот на Израел настапува на Изборот за песна на Евровизија што се одржа во арената Малмe во Шведска, што предизвика повеќе протести кои се одржаа денеска во Малме.


„Ќе имаме многу видлива полиција на терен“, изјави портпаролот на полицијата Филип Анас. „Им беше дадена дозвола бидејќи оценуваме дека може безбедно да се спроведат. Доколку има некакво нарушување, ќе се справиме со тоа“, додаде тој.

Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.

Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучувајќи родители и деца. Демонстрантите удираа во тапани и извикуваа палестински пароли. Некој закачи палестинско знаме на покривот на улична кујна.

„Не го слушате ли детскиот плач? Не ја гледате крвта на децата? Сите деца се еднакви“, извикуваа демонстрантите.

На протестот е и шведската активистка Грета Тунберг.

Во 18:00 часот на друга локација во градот ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.

Третиот настан ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Тоа е уште еден протест против учеството на Израел во музичкиот натпревар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK