Година на пеколот во Америка: 36-то масовно убиство во 2023, стотици луѓе брутално убиени годинава

Година-на-пеколот-во-Америка-36-то-масовно-убиство-во-2023.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Масакрот во средата навечер во Левистон, Мејн, го означува 36-то масовно убиство во САД оваа година, јавува Асошиејтед прес.


Најмалку 188 луѓе ги загубија животите во тие пукања, според базата на податоци што ја одржуваат агенцијата и УСА Тудеј, во партнерство со Универзитетот Нортвестерн.

Статистиката се однесува на инциденти во кои во период од 24 часа се убиени најмалку четири лица, не вклучувајќи го убиецот, што е дефиниција што ја користи ФБИ.

Од јануари, Америка е сведок на втор најголем број масовни убиства и најголем број жртви во една година. Само во 2019 година имаше повеќе масовни убиства.

Од 2006 година, имало повеќе од 560 масовни убиства во САД, во кои биле убиени повеќе од 2.900 луѓе, а најмалку 2.000 биле повредени, според АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK