Шест лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа рано утринава во близина на островот Лезбос, откако глисер со мигранти од Турција се судри со пловило на грчката крајбрежна стража и се преврте. Грчката влада го потврди трагичниот исход и најави политика на нулта толеранција кон криумчарите на луѓе, пренесува Ројтерс.
Поморската несреќа се случила на околу 3,5 наутички милји од брегот на Лезбос. Од крајбрежната стража соопштија дека спасувачките екипи од морето извлекле тела на четворица мажи, една жена и едно дете. Осум лица преживеале и се пренесени во болница. Меѓу преживеаните е и 37-годишен турски државјанин, кој е уапсен. Властите се сомневаат дека тој управувал со глисерот и го организирал транспортот.
Истрага и официјална реакција
Грчкиот министер за поморски прашања, Василис Кикилиас, за несреќата ги обвини криумчарите на луѓе. Според првичните информации, се чини дека предниот дел на глисерот удрил во левата страна на пловилото на крајбрежната стража; точните околности сè уште се утврдуваат. На социјалната мрежа „Икс“, Кикилиас изјави: „Нашиот став е јасен – нулта толеранција за криумчарите“.
Η τραγωδία που εκτυλίχθηκε χθες βράδυ στη θαλάσσια περιοχή της Λέσβου μας γεμίζει θλίψη και οργή.
Έξι άνθρωποι έχασαν τη ζωή τους, ανάμεσά τους και ένα βρέφος, εξαιτίας της εγκληματικής δράσης των σύγχρονων δουλεμπόρων.
Όπως δείχνουν όλα τα μέχρι στιγμής στοιχεία, το ταχύπλοο του διακινητή προσέκρουσε με την πλώρη του στην αριστερή πλευρά του σκάφους του Λιμενικού Σώματος. Οι ακριβείς συνθήκες της σύγκρουσης διερευνώνται.
Η στάση μας είναι αδιαπραγμάτευτη: μηδενική ανοχή στους διακινητές. Στους στυγνούς αυτούς εγκληματίες που προκειμένου να θησαυρίσουν, δεν διστάζουν να οδηγούν ακόμη και στον θάνατο απελπισμένους ανθρώπους, οικογένειες και αθώα παιδιά.
— Vassilis Kikilias (@Vkikilias) October 19, 2026
Грција со години е една од главните влезни точки во Европската унија за мигрантите и бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија. Земјата се најде во центарот на европската мигрантска криза во 2015 и 2016 година. Во тој период, на грчките острови пристигнаа речиси еден милион луѓе, главно од Турција.