По дебаклот против Лацио: Бремер ги критикуваше соиграчите, тренерот му возврати


depositphotos_706045428_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тешкиот пораз на Јувентус од Лацио со 0:3 на домашен терен предизвика јавна контроверзност меѓу дефанзивецот Глејсон Бремер и тренерот Лучано Спалети. По натпреварот, Бремер го критикуваше пристапот на некои од неговите соиграчи, а Спалети брзо одговори и повика на колективна одговорност.


Бремер, капитенот на Јувентус, по мечот за „Скај Спорт Италија“, ги посочи соиграчите за катастрофата против Лацио 90:3).

„Тренерот дава инструкции, но на крајот ние сме тие што излегуваат на теренот. Има единаесет играчи плус пет резервни играчи. Не можам сè да носам на грб. Можам да разговарам и да помогнам, но секој има свој карактер и не можам да направам повеќе од тоа“, рече бразилскиот дефанзивец.

Тој додаде различни карактери има во Јувентус. „Некои имаат посилен карактер, некои имаат послаб карактер. Некои ги слушаат свирежите и можеби се плашат. Ако го споредите ова со Јувентус од пред неколку години, разликата е очигледна и тоа врши притисок врз нас.“

„Не покажувам со прст кон никого, секој е различен. Имаме и многу нови играчи, а некои од нив малку се кријат кога работите тргнуваат наопаку.“

Тренерот Лучијано Спалети, соочен со изјавите на Бремер, рече дека секој мора да преземе одговорност, вклучително и самиот дефанзивец.
„Бремер мора да одговори за себе и во ред е да се размислува за сè, но и тој учествуваше во вечерашниот натпревар, исто како мене. Тој е дел од ова.

Пред да зборуваме за тимот, мора да зборуваме за себе како поединци. Кога ги анализирам подготовките за натпреварот, прво си поставувам прашања. Би било премногу лесно да се обвинуваат другите“, рече Спалети.

Тој верува дека зборовите на Бремер можат да го охрабрат тимот, но нагласи дека ниту дефанзивецот не е ослободен од критики. „И тој носи голема одговорност за начинот на кој што игравме.“

На прес-конференцијата, Спалети дополнително го разјасни својот став. „Никој не се истакна доволно за да зборува за другите. Мило ми е што капитенот излезе и ја презеде одговорноста, но клучот е да се биде реален.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK