Германски аналитичар: Ако Украина загуби, милиони бегалци ќе пристигнат во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот аналитичар кој ја проучува миграцијата, Гералд Кнаус, предупреди на можноста, до неколку милиони украински бегалци да пристигнат во Европа во случај на победа на Русија, јавуваат германските медиуми.



„Оние кои моментално се двоумат да и помогнат на Украина не се свесни што е во прашање. Затоа што ако Украина ја загуби оваа војна, тогаш ќе следи најголемиот бран бегалци од 1940-тите и многу милиони ќе дојдат во Европа“, рече Кнаус во интервју со медиумската мрежа РНД.

Тој рече дека внатре во Украина веќе има околу десет милиони протерани луѓе кои засега не сакаат да ја напуштат земјата бидејќи веруваат дека по победата на Украина ќе можат да се вратат во своите домови.

Тој посочи и дека од 4,2 милиони украински бегалци во Европската унија, 1,2 милиони се во Германија.

„Тоа е, земајќи го предвид бројот на жители, помалку отколку во Полска, Чешка или Бугарија, но многу повеќе отколку во Франција“, изјави Кнаус за РНД.

Во последниве месеци во Германија се разговараше за поволностите за украинските бегалци кои, за разлика од бегалците од другите земји, од првиот ден од престојот ги уживаат истите социјални бенефиции како локалното население.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK