Германија ќе го префрли својот систем Патриот од Словачка во Литванија за да го штити самитот на НАТО

patriot
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германија ќе и го префрли на Литванија својот противракетен одбранбен систем Патриот, кој сега го има распоредено во Словачка, за да го штити самитот на НАТО за помалку од два месеца, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Форумот ќе се одржи на 11 и 12 јули во главниот град на Литванија, Вилнус.


На состанокот се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата во позадина на руската војна против Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK