Бајден рече дека негативно гледа на распоредувањето руско нуклеарно оружје во Белорусија

bajden_67575756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден има многу негативен став за распоредувањето тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија на територијата на Белорусија.







На прашањето од претставниците на медиумите за тоа како ја примил информацијата за оваа акција од Москва, тој одговори: „Крајно негативно“.

Русија во четвртокот го објави договорот со Белорусија за распоредување тактичко нуклеарно оружје. Истиот ден, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека веќе е започнат трансферот на нуклеарното оружје од Русија на територијата на неговата земја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK