Израелски снајперист во саботата застрелал две жени во парохијата на Светото семејство во Појасот Газа, соопшти Римокатоличката Ерусалимска патријаршија.
Во соопштението било наведено дека мајката и ќерката кои биле упатени кон женскиот манастир биле убиени, пренесува Си-Ен-Ен.
Едната жена е убиена веднаш, а другата додека се обидувала да се засолни на безбедно место“, се вели во соопштението. Уште седум лица се убиени и ранети во нападот на овој црковен комплекс, каде повеќето христијански семејства од Газа нашле засолниште од вооружените конфликти, соопшти Ерусалимската патријаршија, под чија јурисдикција се католичките цркви низ Кипар, Јордан и Израел, и појасот Газа и на Западниот Брег.
„Во просториите на црковниот комплекс ладнокрвно пукаа во луѓе“, се наведува во соопштението на патријаршијата.