Франција го осуди израелскиот напад врз Либан

Примирјето-стапи-на-сила-прва-пауза-по-речиси-седум-недели.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Франција го осуди израелското гранатирање на јужниот дел на Либан во кое вчера беше убиен либански војник. Ова е првпат од почетокот на прекуграничните непријателства во октомври да биде убиен војник на либанските вооружени сили (ЛАФ), соопшти мировната мисија на ОН во Либан.


Според либанската армија, за време на нападот биле ранети уште три лица. „Франција е сериозно загрижена поради конфликтот на границата меѓу Либан и Израел. Франција го осудува израелскиот напад при кој животот го загуби припадник на либанските вооружени сили. Испраќаме искрено сочувство до семејството на жртвата“, рече портпаролот на Француското Министерство за надворешни работи денеска, како што објави Гардијан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера соопштија дека жалат за овој инцидент, дека немале намера да ги нападнат либанските сили, но дека се обиделе да ја неутрализираат заканата што доаѓа од позицијата на Хезболах.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK