Фон дер Лајен: Русија се потсмева на дипломатијата, додека ЕУ подготвува нова транша за Украина


Depositphotos_415218160_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европската комисија, Урсула Вон дер Лајен, изјави дека Русија „отворено се потсмева“ на тековните дипломатски напори за враќање на мирот во Украина, по нови извештаи за најновите руски напади во кои загинале најмалку осум лица.


„Додека Русија отворено ги исмева дипломатските напори, ние продолжуваме да ја зајакнуваме Украина“, напиша таа на платформата X, изразувајќи жалење за „уште една ноќ на смрт и разурнување“.

Фон дер Лајен исто така најави дека Европската Унија се подготвува да ја исплати првата транша од 6 милијарди евра како дел од заемот од 90 милијарди евра одобрен за Украина, од кои 60 милијарди се наменети за воените напори.

Оваа почетна исплата, која се очекува во јуни, ќе биде наменета за дронови и системи против дронови.

Бројот на загинати во последните руски напади врз Киев се искачи на осум лица, со 45 повредени, што дополнително ги намалува надежите за брзо решение на конфликтот кој трае повеќе од четири години.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 675 дронови и 56 ракети, при што биле соборени 652 дрона и 41 ракета. Според нив, станува збор за еден од најголемите воздушни напади во последните недели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK