Фон дер Лајен останува на чело на Европската Комисија

Фон-дер-Лајен-Британија-е-на-пат-повторно-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде на чело на Европската унија уште пет години, изјави вечерва во Брисел лидерот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, откако централнодесничарската партија освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент.


Тој нагласи дека ЕПП сака демократска Европа и дека „победникот на изборите сега има право да го назначи претседателот на ЕК, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Фон дер Лејен истакна дека ЕПП ќе изгради бастион против екстремизмот и од левицата и од десницата.

„Не може да се формира мнозинство без ЕПП и заедно ќе изградиме бастион против екстремите од левицата и десницата“, рече фон дер Лајен.

ЕПП освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент, но десничарските и екстремно десничарските групи го зголемија бројот на мандати, покажуваат првите резултати од новото свикување на ЕП, кои беа објавени врз основа на излезните анкети од неколку земји-членки на ЕУ.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мекола ги претстави првите изборни резултати врз основа на излезните анкети, кои покажуваат дека ЕПП ќе има 181 пратеник, додека во претходното свикување 176.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK