Финска ја обвини Русија дека им помага на илегалните мигранти да влезат во земјата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија, кое требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есајах за финскиот јавен сервис, пренесува Ал Џезира.



„Границата ќе остане затворена“, рече Есаја, на прашањето дали границата ќе остане затворена уште еден месец. Финските медиуми претходно објавија дека владата ќе ја продолжи мерката.

Финска ја затвори руската граница на крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во нордиската земја.

Финските власти ја обвинија Москва дека го извршила наводниот хибриден напад и намерно им помага на мигрантите без документи да преминат во нордиската земја. Кремљ ги негира обвинувањата.

Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од помалку од еден на ден во претходниот период, покажуваат податоците на финската гранична полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK