Федералниот суд: Тексас би можел да го забрани абортусот дури и кога животот на трудниците е загрозен

Федералниот-суд-Тексас-би-можел-да-го-забрани-абортусот-дури.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американската влада не може да го користи Законот за итни медицински третмани за да бара од болниците во Тексас да вршат абортуси во случаи кога животот на жената е загрозен, одлучи федералниот апелационен суд.

Едногласната одлука на советот на судии доаѓа во време на бранот тужби поврзани со воведувањето итни исклучоци во сојузните држави каде што абортусот е забранет, пишува Ројтерс.

Во јули 2022 година, администрацијата на претседателот Џо Бајден издаде упатство во кое се наведува дека Законот за итен медицински третман од 1986 година може да се користи за да се бараат абортуси кога животот на жената е загрозен, дури и во држави каде што абортусот е целосно забранет.

Упатствата беа објавени набргу откако Врховниот суд на САД ја поништи пресудата Роу против Вејд од 1973 година со која се легализираа правата на абортусот низ Соединетите држави.

Сепак, државата Тексас и некои организации веднаш ја тужеа американската влада, велејќи дека објавувањето на упатствата го попречува федералното право за ограничување на абортусот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK