Евростат: Во 2022 година регистрирана највисока стапка на вработеност во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот и војната во Украина предизвика загриженост на аналитичари дека ќе ја влоши економијата.

Но, податоците на Евростат покажуваат дека барем засега нема причина за страв бидејќи 75 отсто (193,5 милиони) од луѓето на возраст од 20 до 64 години во Европска Унија биле вработени во 2022 година, што е најголем процент на вработени лица регистриран од почетокот на 2009 година.


Стапката на вработеност падна на 72 проценти во 2020 година поради пандемијата, а една година подоцна се искачи на 73 отсто, а во 2022 година се зголеми за два процентни поени.

Единаесет земји-членки на ЕУ имаа стапки на вработеност над 78 проценти, една од трите поставени цели во акцискиот план на Унијата до 2030 година.

Холандија со 83 отсто, и Шведска и Естонија со по 82 проценти имаат највисоки стапки на вработеност, додека најниски стапки се забележани во Италија (65), Грција (66) и Романија (69 отсто).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK