ЕУ размислува за санкции против земјите кои и помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите

ursula_zelenski_@342432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги повика 27 земји-членки на Европска Унија да преземат мерки против земјите кои го помагаат Кремљ и ги заобиколуваат санкциите на ЕУ кон Русија.







– Неодамна видовме многу невообичаено зголемување на протокот на трговија преку ЕУ и некои трети земји. Овие артикли на крај завршија во Русија, истакна Лајен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

Таа не ги именува државите, но претходно претставниците на ЕУ изразија загриженост за протокот на стоки преку Кина и Иран.

– Ако видиме дека стоката оди од ЕУ во трети земји, а потоа завршува во Русија, би можеле да им предложиме на земјите-членки да воведат санкции за таа стока, наведе Лајен.

Таа додаде дека мерката ќе биде преземена само како последно средство и дека ќе се користи внимателно по многу детална анализа за ризикот и по одобрувањето од земјите-членки на ЕУ, но подвлече дека не треба да има сомнеж дека ЕУ работи на спречување на заобиколување на санкциите.

Одлуката за воведување на санкции мора да биде едногласно одобрена од 27 земји-членки на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK