ЕУ поведе постапка против „Икс“ на Маск

ЕУ-поведе-постапка-против-„Икс-на-Маск.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската Комисија почна официјална постапка против социјалната мрежа „Икс“, поранешен „Твитер“, поради сомневање дека не ги исполнила своите обврски од Законот за дигитални услуги (DSA), со што ги прекршила правата на Европската Унија.


Новата регулатива, која стапи на сила во ноември минатата година, наложува големите интернет платформи и пребарувачи да ја засилат својата борба против нелегалната содржина и ризиците за јавната безбедност и да ги заштитат своите услуги од манипулативни техники.

Постапката ќе се фокусира на спречување на ширењето на незаконски содржини во ЕУ, на ефективноста на мерките преземени за борба против манипулацијата со информациите, особено на системот „известувања во заедницата“, како и мерките што X ги презема за зголемување на транспарентноста на својата платформа, вели Комисијата, нагласувајќи дека приоритет ќе има темелна истрага.

X, во сопственост на Илон Маск, е дел од групата големи технолошки компании под лупата на ЕУ поради новите правила воведени со Законот за дигитални услуги.

Европскиот комесар Тиери Бретон во октомври ги прекори X, TikTok и Meta дека не направиле доволно за да се спротивстават на дезинформациите по нападот на Хамас врз Израел.

Законот за дигитални услуги, усвоен од Европскиот совет во есента 2002 година, е првата дигитална регулатива во светот, според која дигиталните компании низ ЕУ се одговорни за содржината објавена на нивните платформи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK