Денеска Европската унија го повика Израел „веднаш да ја прекине“ воената операција во Рафах, на југот на Појасот Газа, што ризикува да ги „залади“ односите со Унијата.
„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафах, тоа неизбежно ќе изврши голем притисок врз односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Израел нареди евакуација на жителите од некои делови на тој град, кој израелската армија го означува како последно големо упориште на Хамас во Газа.