Ердоган: Ратификација за Шведска во НАТО ако Америка ни продаде авиони Ф-16

Ердоган-Ратификација-за-Шведска-во-НАТО-ако-Америка-ни-продаде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот парламент ќе го исполни ветувањето и ќе ја ратификува шведската кандидатура за НАТО доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден овозможи продажба на американски авиони Ф-16 на Анкара, најави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми.


Говорејќи пред новинарите на враќање од азербејџанската енклава Нахчиван, Ердоган рече дека министерот за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО минатата недела во Њујорк, пренесува Ројтерс.

Ердоган изјави дека американската администрација ја поврзува продажбата на борбени авиони Ф-16 на Турција со ратификацијата на шведската кандидатура од страна на Анкара.

„Ако тие (САД) ги одржат ветувањата, нашиот парламент ќе го одржи ветувањето. Турскиот парламент ќе го има последниот збор за членството на Шведска во НАТО“, нагласи турскиот претседател.

Ердоган најави и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да ја посети Турција во октомври или ноември, додавајќи дека после тоа ќе ја врати посетата, јавуваат турските медиуми.

Нетанјаху и Ердоган за прв пат се сретнаа минатата недела на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, додека двете регионални сили работат на подобрување на долго затегнатите односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK